Наградите се прекрасни и прогнозерите се во топ-форма, приклучете им се во второто коло на Спортска прогноза

Одличен беше стартот на четвртата сезона на Спортска прогноза, а тројца учесници во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија беа на чекор од освојување на „ајфон 12“.

Двајца од нив го промашија само ремито на дуелот меѓу Бордо и Анже, а третиот типуваше победа на Лестер против Вест хем, на меч што го добија Чеканите со 4:1.

Почетокот ветува многу и е вистински предизвик за сите обложувачи што имаат СЛ картичка од Sport Life веќе денеска од 14 часот да се приклучат во второто коло на Спортска прогноза со свои типови на 13 натпревари што ќе се играат викендов.

Во првото коло Sport Life им додели ваучери од по 1.000 денари на тројцата топ-прогнозери со по 12 погодени парови, а има дури 23 играчи што погодија по 11 меча и добија ваучери од по 500 денари.

Второто коло во четвртата сезона на Спортска прогноза почнува денеска, од 14 часот, и повторно има екстра интересни двојки.

Двата главни дуели од вкупно 13 што се на менито за прогнозирање ќе се играат во Ливерпул и во Глазгов.

На „Енфилд роуд“, во мегадербито на третото коло во Премиер лигата, во сабота од 18.30 часот ќе играат Ливерпул и Челзи, а на „Иброкс парк“ во Глазгов во недела од 13 часот ќе се игра легендарното шкотско дерби со тривековна традиција меѓу Глазгов ренџерс и Селтик.

За да бидете учесници во играта што е забавна и со многу награди и, секако, бесплатна, ви треба да бидете сопственик на СЛ картичка од Sport Life.

Картичката исто така е бесплатна и можете да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести