19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Прогнозерите си одбраа фаворити во трката за „ајфон12“, приклучете им се до 15.30 часот

Интересно ќе биде 30. коло на Спортска прогноза со два исклучително интересни дерби дуели и уште 11 неизвесни натпревари што се на менито на популарната Тринаесетка.

Може да се одигра до 15.30 часот денеска, а прогнозерите веќе си одредуваат свои фаворити во трката за „ајфон12“.

Со свои прогнози можете да се приклучите и вие во играта што е бесплатна и забавна, а ја организираат Sport Life и Спорт Манија со многу вредни награди.

Вкупно 12 натпревари во понудата за 30. коло се од Топ-5 лигите, плус големото турско дерби на Истанбул, меѓу Фенербахче и Галатасарај, што ќе се игра во недела од 19.30 часот и е последен на менито од сите 13 мечеви.

Во фокусот секако е мега-дербито во Англија меѓу Манчестер сити и Ливерпул што ќе се игра утре на „Етихад“ во Манчестер од 17.30 часот.

Тоа е меч што може да одлучи која екипа ќе биде шампион на Англија и му дава посебен шмек на 30. коло на Спортска прогноза.

Манчестер сити е лидер во Англија со 73 бода, само еден повеќе од Ливерпул на 8 кола до крајот на Премиерлигата.

Стандардно за секое коло за погодени 13 натпревари, Sport Life и Спорт Манија како организатори на бесплатната игра доделуваат прекрасен мобилен телефон „ајфон12“, а има уште многу награди.

И трката за шампионската титула во Генерален пласман е исклучително интересна, а најдобриот прогнозер ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи и наградени ќе бидат најдобрите 5 прогнозери.

Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и утките, па со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари што може да се искористи за обложување, а со два промашени пара наградата е ваучер од 500 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести