Интересни се процентите на мнозинството играчи на бесплатната Спортска прогноза кои веќе се изјасниле за паровите од колото кое се игра викендов.
Во понудата има четири атрактивни дерби-дуела, а најголем дел од прогнозерите ,кои ги има во голем број, веќе си имаат свои фаворити.
Само 18,75 отсто очекуваат Манчестер јунајтед да триумфира на гости кај Њукасл. За победа на Чавките се изјасниле 58,4 отсто од прогнозерите.
Феенорд би требало да го победи ПСВ Ајндховен, така мислат 48 проценти од прогнозерите кои досега типувале. Во победа на ПСВ веруваат само 19,4 отсто.
Над половина, или 53 проценти, типуваат победа на Барселона против Атлетико Мадрид, а за дуелот Наполи – Интер, по 27 проценти се за единица и двојка, додека нерешено очекуваат 45 отсто.
Мисијата за сите играчи е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите понудени средби од основната понуда. Ако има таков експерт што ќе ги погоди сите 13 пара, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).
За 12 погодени пара се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари во Sport Life.