Тековното, 12. коло од Спортска прогноза е во тек, а има дури пет играчи кои што имаат максимален учинок по вчерашниот ден и остануваат во трката за прекрасниот „Ајфон 12“.
Денешниот ден ни ги носи преостанатите осум натпревари по кои ќе биде познат исходот од оваа рунда, а доколку ги искомбинирате натпреварите според играчите на оваа бесплатна игра, тогаш ќе добиете неверојатен коефициент од 2.578, односно со 20 уплатени денари би заработиле 51 илјада денари.
Интересно е што и двете дерби средби во Италија и Шпанија се смета дека ќе завршат без победник.
Милан го пречекува Интер во едно од најинтересните дербија во последната декада, а дури 43 проценти сметаат дека нема да има победник.
Слично е и во Шпанија, каде што Бетис и Севиља ќе ги поделат бодовите, а во такво нешто веруваат нешто над 45 одсто.
Според нив, пак, најголем фаворит за денеска е Лион на гостувањето кај Рен. Големата квота за двојка не ги колеба, напротив, 71.51 процент веруваат во такво нешто.
Втор најголем фаворит за денеска е поранешниот првак во Премиер лигата, Лестер кој гостува кај Лидс, кој исто така своевремено беше најдобар тим од Англија, во некои подалечни времиња.
ТИКЕТ СОСТАВЕН ОД ИГРАЧИТЕ НА СПОРТСКА ПРОГНИОЗА
Евертон – Тотенхем 2, 2.45 (61.18%)
Лидс – Лестер 2, 2.55 (69.24%)
Удинезе – Сасуоло 1, 2.40 (60.02%)
Нант – Стразбур 1, 2.45 (67.70%)
Осасуна – Реал Сосиедад 2, 2.42 (66.34%)
Милан – Интер Х, 3.50 (43.12%)
Рен – Лион 2, 2.55 (71.51%)
Бетис – Севилја Х, 3.25 (45.53%)
_________________________________________________________
Коефициент: 2.578