Неделава започна новата, шеста сезона на Спортска прогноза, бесплатната наградна игра која заедно ја организираат Sport Life и Спорт Манија, и досега прогнозерите им даваат поголеми шанси да домашните екипи.
Од 13-те предложени натпревари за типување од петте најсилни европски лиги, прогнозерите повеќе од 50 отсто шанси им даваат на домаќините.
Според досегашните типувања, најголеми фаворити се Валенсија, во која 82 отсто од типувачите се убедени дека ќе слави против Осасуна, во победа на Стразбур над Тулуз веруваат 75 отсто, 79 отсто во триумф на Монпелје над Ремс, 77 отсто во победа на Монца над Емполи, 72 отсто во триумф на Брентфорд над Кристал палас, 57 отсто во Кадис (игра против Алмерија) и 50 отсто во Евертон (Вулверхамптон).
Дербито во Бундеслигата меѓу Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен, според прогнозерите, ќе им припадне на гостите (70,92 отсто), а поблиску до победата е и Ајнтрахт (44 отсто) на гостувањето кај Мајнц.
Не заборавајте да типувате и на двата резервни пара кои се многу важни бидејќи освен што се бројат за Генерален пласман, може да ви донесат многу среќа ако во колото не сте единствен со 13-ка.
Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi Електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!