Прогнозерите сметаат дека ќе нема „икс“ на Грузија – Македонија, а имаат и две сигурици за денес

Со натпреварот Грузија – Македонија (18 часот) стартува новото, шесто коло на Спортска прогноза.

Имате уште некој час за да ги направите добитните парови и за подарок да добиете Смарт ТВ Самсунг 55″, Xiaomi Електричен тротинет или пак X Box Series X доколку ги погодите сите 13 парови.

За средбата на нашата селекција, размислувањата се дека ќе нема да има нерешен исход, а дури 77.13 отсто (37,04% за 1 и 38,79% за 2) најавуваат двојна шанса 12, за што има квота од 1.32.

Финска, според играчите (76,08%), е огромен фаворит против Романија, а квотата во Sport Life за кец изнесува 2.35.

Мегадербито меѓу Италија и Англија е исто така на програмата, а грото прогнозери (40,62%) сметаат дека ќе има делба на бодовите, за што има коефициент од 3.05.

Доколку се искомбинираат овие три средби, се добива квота од 9.46, што и не е така лоша.

- Оглас -

Најнови вести