Само еден од преку 2.000 прогнозери има перфектен биланс од пет погодоци по саботните мечеви одиграни во осмото коло на Спортска прогноза. Денеска се играат уште осум интересни мечеви, а прогнозерите според процентите како типувале, составија интересен тикет.
Анже е домаќин на Стразбур и тука дури 46 отсто веруваат во нерешено, а 32 отсто се за единица, што значи дека најмали се шансите за триумф на гостите. Во победа на Салернитана против Верона веруваат 46 отсто, а за реми се 35 отсто, а едвај 17 чекаат двојка.
Удинезе има шест победи по ред и сега дома игра против Аталанта, но само 21 отсто чекаат тимот од Удине да се радува. Најмногу веруваат во нерешено, дури 40 отсто. „Иксот“ има најголема шанса и за дуелот Кадис – Еспањол и тоа дури 49 отсто чекаат нерешено, а 35 отсто веруваат во тимот од Барселона.
Арсенал е фаворит во дербито против Ливерпул, барем според 47 отсто од прогнозерите. За нерешено се нешто над 24 отсто, а во тимот на Јурген Клоп веруваат 28,5 отсто од прогнозерите.
Херта треба да победи против Фрајбург (58 отсто чекаат кец), а Реал Сосиедад против Вилјареал е најважно да не загуби, затоа што само 15 отсто веруваат дека трите бода ќе ги освои Жолтата подморница. Последен меч за денеска е Штутгарт – Унион Берлин, а тука 30 отсто се за кец, но дури 43 отсто веруваат во победа на гостинот од главниот град на Германија.
На тикет со шест двознаци и само два фика, се добива вкупен коефициент од 74.74 што значи дека за само 100 вложени денари, вкупната потенцијална добивка ќе биде 7.747 денари.
2964 Анже – Стразбург 1Х 1.44
3734 Салернитана – Верона 1Х 1.40
3736 Удинезе – Аталанта Х2 1.48
1403 Кадис – Еспањол Х2 1.41
1151 Арсенал – Ливерпул 1Х 1.46
2972 Херта – Фрајбург 1 3.05
1404 Реал Сосиедад – Вилјареал 1Х 1.40
2973 Штутгарт – Унион Берлин 2 2.85
——————————————————–
Вкупен коефицинет 74.74

