17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Прогнозерите со шест меча направија вкупен коефициент над 150, а има и еден двознак

По вчера одиграните седум мечеви од 14 коло на Спортска прогноза, за денеска останува да се доиграат уште шест натпревари. Повеќе од 2.000 прогнозери го дадоа своето мислење за овие средби и според прогнозите, „составија“ интересен тикет.

Возбудувањата ќе започнат од 12:30 часот кога ќе играат Лече и Монца, а дури 45 отсто од прогнозерите очекуваат победа на домаќините. Во 15 часот се играат два меча на кои домаќините се „аутсајдери“. Монпелје е домаќин на Ница, а половина од прогнозерите очекуваат да заврши нерешено.

Болоња ја пречекува Фиорентина и тука 40 отсто чекаат „икс“, а 42 отсто чекаат триумф на гостите од Фиренца. Најголем фаворит од сите е Атлетик Билбао кој гостува кај Алавес, а дури 83 отсто чекаат да биде „двојка“.

Најголем процент од прогнозерите, дури 55 отсто очекуваат нерешено на мечот од француското првенство меѓу Ле Авр и Стразбур. Возбудувањата за денеска на Спортска прогноза ќе завршат со големото англиско дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Сити поминува низ најголемата резултатска криза во последните неколку години, но сепак над 70 отсто од прогнозерите чекаат актуелниот првак да победи против градскиот ривал.

3005 Лече – Монца                                1   2.55

1705 Монпелје – Ница                           Х    3.50

3007 Болоња – Фиорентина                  Х2   1.42

1307 Алавес – Атлетик Билбао              2     2.25

1706 Ле Авр – Стразбур                       Х      3.25

1007 Манчестер с. – Манчестер ј.         1     1.65

———————————————-

Вкупен коефициент:    152.91

- Оглас -

Најнови вести