Најголемото шкотско дерби помеѓу Селтик и Ренџерс, и премиерлигашкото дерби Арсенал – Челзи се во центарот на вниманието од денешните мечеви кои ги има во понудата на 17-тото коло на Спортска прогноза, а според тоа како типувале најголем дел од учесниците во колото, нема да биде нерешено ниту во Глазгов ниту во Лондон.
Точно 1.213 прогнозери беа дел од ова коло, а дури 68,5 отсто од нив веруваат во триумф на Селтик, додека во победа на Челзи се убедени 44,6 проценти. Квотата за единица на Селтик во Sport Life е 2,20, а за двојката на Челзи е 2,35.
Останатите шест меча се од пониските англиски лиги, се играат со почеток во 16 часот, и секаде прогнозерите најавуваат триумф на тимови за кои квотата за победа е над 2.
Највисока квота од 3,50 е за дуелот на Милвол и Брентфорд. Иако според коефициентите фаворити се гостите, 54,5 проценти од овие над илјада прогнозери типувале на „кец“.
Победа на гостите треба да има на дуелот на Донкастер и Сандерленд. Цели 61,3 проценти типувале двојка, а ако уплатите, квотата е одлични 2,70.
Најсигурна единица според прогнозерите треба да биде на мечот Олдам – Салфорд. Дури 81,1 отсто типувале победа на домашните, а квотата е 2,60. Голем дел од прогнозерите, 71,2 проценти мислат дека Ротерам ќе го совлада Питерборо. Победата на Ротерам, во најдобрата обложувалница во Македонија се вреднува со квота 2,30. Речиси 59 проценти типувале на победа на Хадерсфилд против Блекбурн, а многу е висок процентот (76,5) и на оние што сметаат дека Квинс Парк Ренџерс ќе биде поуспешен од Хал.
На осумте меча од денешната понуда на Спортска прогноза, тикетот кој се нуди според најголемиот дел од типовите на прогнозерите, има вкупна квота од 1.647, што значи дека за уплата од само 50 денари, може да заработите над 82.000 денари во Sport Life.