Прогнозерите „составија“ тикет од шест меча и вкупен коефициент над 130

Шест меча од понудата на Спортска прогноза се играат денеска, а преку 1.500 прогнозери ги дадоа своите типови. Според нивните очекувања, прогнозерите „составија“ интересен тикет.

Возбудувањата ќе започнат од 15 часот кога се играат два меча во Франција, а интересно е дека на дваата најверојатно е ремито. Дури 53 отсто чекаат икс на Ле Авр – Лориен, додека 45 отсто се за нерешено на Мец – Ремс.

Атлетик Билбао гостува кај Мајорка и тука двојката е најверојатна барем според 65 отсто од прогнозерите. Дербито на денот го играат Арсенал и Манчестер јунајтед, а 63 отсто чекаат триумф на „топчиите“.

Дербито во Германија е меѓу екипите на Унион Берлин и Лајпциг, а тука предност се дава на гостите. Нешто повеќе од половина прогнозери играле „двојка“. Вторто коло на Спортска прогноза се затвора со дуелот Брага – Спортинг, а тука 44 отсто се за икс, а 37 чекаат двојка.

1706 Ле Авр – Лориен                            Х   3.10

1707 Мец – Ремс                                    Х   3.45

1308 Мајорка – Атлетик Билбао              2   2.40

1010 Арсенал – Манчестер ј.                   1   1.72

1809 Унион Берлин – Лајпциг                  2   2.25

1545 Брага – Спортинг Лисабон               Х2   1.32

——————————————————-

Вкупен коефициент:                      131.12

- Оглас -

Најнови вести