15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Прогнозерите „составија“ тикет со три двознаци од седум меча и коефициент над 100!

Седум меча има денеска од понудата на Спортска прогноза и тоа се мечеви од најсилните пет лиги. Возбудувањата ќе започнат со три меча од 15 часот од кои два се во Франција и еден од Италија.

Брест е домаќин на Тулуз, а 46 отсто прогнозери очекуваат нерешено, додека 40 отсто се за победа на домаќинот, што дава еден добар двознак дека гостите нема да победат.

Од сите средби во понудата, прогнозерите се најсигурни дека нерешено ќе заврши Нант – Ремс, затоа што дури 50 отсто имаат одиграно „икс“. Во Серија А, Специја има 70 отсто доверба дека ќе ја победи салернитана.

Еден интересен двознак кој го нарекуваат „мост“, односно победа на една од двете екипи е за дуелот Келн – Борусија Менхенгладбах. За Келн типуваат 39 отсто, а 36 отсто се за гостите, додека помалку од една четвртина од прогнозерите чекаат нерешено.

Дербито во Англија е меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед. Преку 50 отсто веруваат во Црвените ѓаволи, иако играат на гости, а помалку од 20 отсто веруваат во Њукасл. Со 59 отсто гласови за „кец“ е на дуелот Вилјареал – Реал Сосиедад, но има и преку 30 отсто кои чекаат реми, па двознак е добра варијанта за овој меч.

Во италијанската Серија А, Наполи походот кон титулата ќе се обиде да го продолжи и со победа над Милан. Наполитанците се во добра серија, а повеќе од две третини односно 67 отсто чекаат победа на домаќините.

1706 Брест – Тулуз                                1Х   1.52

1708 Нант – Ремс                                    Х    3.20

3006 Специја – Салернитана                   1    2.35

1808 Келн – Борусија М.                         1    2.25

1009 Њукасл – Манчестер ј.                    Х2   1.57

1308 Вилјареал – Реал Сосиедад             1Х  1.34

3008 Наполи – Милан                              1    1.95

———————————————————–

Вкупен коефициент           105.5

- Оглас -

Најнови вести