Седум меча се одиграа вчера на Спортска прогноза, а ниту еден нема максимален број на погодени фиксови. Двајца обложувачи имаат по шест погодени и тие се најголеми фаворити да стигнат до еден од подароците.
За денеска останува да се одиграат шест натпревари. Возбудувањата ќе започнат со Монца – Лече, а дури 69 отсто очекуваат победа на домаќините. На англиското дерби меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, преку 43 отсто чекаат победа на лондонскиот тим. Во силата на Манчестер веруваат само 29 отсто од прогнозерите.
Хајденхајм е домаќин на Мајнц и 40 отсто се за „кец“, а 32 отсто веруваат во „двојка“. Од сиде шест меча само на преметката меѓу Рен и Лил гостите се фаворити. Победа на Лил чекаат 45 отсто од прогнозерите, а безмалку 42 отсто веруваат во реми.
За италијанското дерби меѓу Јувентус и Интер како никогаш досега домаќините се аутсајдери. Во победа на Јувентус во Торино веруваат само 18 отсто, а најголем број од обложувачките чекаат нерешено, дури 46 отсто. Останатите 35 отсто се за победа на Интер.
Ќе играат Бетис и Сосиедад а преку 55 отсто чекаат победа на Бетис. За реми се 43 отсто, а во двојка веруваат само 11 отсто.
3007 Монца – Лече 1 2.75
1170 Тотенхем – Манчестер ј. 1 2.50
1809 Хајденхајм – Мајнц 1Х 1.75
1709 Рен – Лил Х2 1.44
3009 Јувентус – Интер 2 2.35
1309 Бетис – Сосиедад 1 2.45
—————————————————–
Вкупен коефициент: 99.75