Прогнозерите типуваат – Елмас ќе се радува на Сардинија, Манчестер ј. паѓа на „Стемфорд бриџ“

Лион е најголем фаворит за победа според досега пристигнатите типови на учесниците во 23-тото коло на Спортска прогноза и дури 94,5 проценти очекуваат кец и сигурна победа на Лавовите од „Жерлан“ против Стразбур.

Колото е во тек, можете да се приклучите до утре до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната програма со 13 двојки што ви ги нудиме за ова коло.

Хофенхајм и Волфсбург традиционално со меч во Бундеслигата ќе означат старт на возбудувањата и забавата со нашата бесплатна игра, а и тука мнозинството прогнозери очекуваат сигурна единица.

Грото прогнозери најавуваа и радост на Елиф Елмас на Сардинија, каде што Наполи ќе му гостува на Калјари во недела од 18 часот.

Тринаесетката во 23-тото коло завршува со англиското дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед во понеделник од 21 часот. И тука голем процент, или околу 66 отсто очекуваат триумф на домашната екипа.

Не заборавајте да се приклучите бидејќи наградите што се подготвени за секое коло и за најдобрите во Генерален пласман се прекрасни.

И во оваа рунда, како за секое коло, за точно погодени 13 двојки се добива IPhone XS, за погодена 12-ка ви следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11 точни типови добивате ваучер од 500 денари.

И во битката за Генерален пласман има интересна ситуација, а Христијан Т. одлично веќе подолг период го чува врвот со 161 поен, или разлика од 9 поени пред второпласираниот Дејан Д. и 10 од Славе Б. и Николче Д.

Тука се пресметуваат и поените од двата резервни пара, па многу е важно да се внимава и при типувањето на тие два дуели. Во ова коло како резерви ги одбравме двата шпански меча меѓу Вилјареал и Леванте и Леганес со Бетис.

По завршувањето на втората сезона на Спортска прогноза, Спорт Манија и Sport Life ќе ги доделат наградите за петтемина најдобри во Генералниот пласман.

Шампионот ќе добие Смарт ТВ од 48 инчи, а редоследно следните награди се: 

2. 500.000 SL Market поени
3. 400.000 SL Market поени
4. 300.000 SL Market поени
5. 200.000 SL Market поени

 

 

- Оглас -

Најнови вести