Прогнозерите типуваат на Сити и Порто во големите дербија, а во Рим најавуваат реми

На еден ден од крајот на рокот за типувањето за 26-тото коло сезонава на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе се наѕираат фаворитите на мнозинството играчи кои веќе се изјасниле и мали се шансите до утре да се смени нешто драстично.

Колото започнува утре, во 14 часот, со дуелот на Жирона и Алавес и тоа е терминот до којшто може да се вклучите. Овој пар е и еден од најпредвидливите за играчите на Спортската прогноза, дури 88,7% од прогнозерите веруваат во победата на Жирона.

Големи проценти (над 70 отсто) има и кај двата француски меча, а единствениот пар кај којшто повеќе од половината играчи типувале дека ќе биде нерешено е пресметката на Рома и Јувентус во Рим.

Мнозинството играчи (57,4 проценти) прогнозираат победа на Сити над Јунајтед во дербито на Манчестер, а за португалското дерби Порто – Бенфика, поголема доверба има Порто (48,7 проценти).

Прогнозерот кој ќе ги има сите 13 погодени натпревари од основната понуда ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести