Прогнозерите очекуваат победи на Милан и Арсенал против Јувентус и Ливерпул, одиграјте го и вие осмото коло на Спортска прогноза

Осмото коло на Спортска прогноза е во тек за типување и тоа можете да го сторите до сабота до 14 часот на многу лесен и едноставен начин.

Играта е бесплатна со многу вредни подароци во секое коло, а сè што ви треба е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија како да се стигне до максималните 13 погодоци.

Во фокусот во ова коло се два дерби-натпревари од Серија А и од Премиер лигата.

Во сабота од 18 часот на „Сан Сиро“ ќе играат шампионот Милан и најтрофејниот клуб во Италија, Јувентус, а засега домаќините се во предност барем според прогнозите на учесниците во осмото коло на Спортска прогноза.

Од досега пристигнатите прогнози околу 45 проценти очекуваат победа на Милан, за реми се 38 отсто од прогнозерите, а во победа на Јувентус веруваат 17 отсто.

Арсенал и Ливерпул ќе играат в недела од 17.30 часот, а и тука домаќините се фаворити според досега пристигнатите прогнози.

Дури 47 отсто од нив типуваа „кец“, 29 проценти се за победа на Ливерпул, а во реми веруваат 24 отсто.

Има уште 11 интересни двојки, плус два резервни пара, а сите поени се калкулираат за што подобри позиции во Генерален пласман.

Во секое коло прогнозерите што ќе погодат 13-ка можат да си изберат подарок од трите понудени варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X

Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и утките, па за промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за едно промашување наградата е ваучер од 1.000 денари.

На крајот на петтата сезона ќе бидат наградени и петтемина најдобри во Генерален пласман, а шампионот ќе добие топ-ваучер од 30.000 денари за пазарување во „Анхоч“.

 

- Оглас -

Најнови вести