18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Прогнозерите треба да одлучат: Кој е најдобар тим во Мадрид?

Прогнозерите не се прославија многу во 16-тото коло, но затоа од денеска започнува новата шанса за освојување мобилен телефон „ајфон 12“ и вредносни ваучери кои ги нуди Sport Life. Вкупно 13 нови натпревари кои ќе се играат во викендот што следува се дел од новото коло на Спортска прогноза.

Од мечевите кои се на понудата, секако, најинтересно ќе биде мадридското дерби. Реал на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде домаќин на Атлетико. Јорганџиите се актуелни шампиони во Шпанија, но Реал сезонава игра одлично и веќе има дури 10 бодови повеќе од градскиот ривал.

Едноставно, за Атлетико ова може да биде последна шанса да се врати во трка за шампионската титула, но, секако, ќе биде многу тешко да победи на теренот каде што последен пат се радувал речиси пред шест години.

Освен мадридското дерби, тука се уште 12 интересни мечеви кои треба да се погодат за да се стигне до Среќна 13-ка.

- Оглас -

Најнови вести