Прогнозерите убедени дека Интер нема да биде добар домаќин кон Жозе Мурињо

Во седмото коло на Спортска прогноза веќе прогнозираа над 1.000 играчи кои имаат главна цел погодување на Среќна 13-ка, која носи шанса да си одберете еден од вредните подароци што ги нуди Sport Life. За оние коишто ќе успеат да ги погодат сите 13 фикса, ќе може да си одберат еден од подароците: Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет и X Box Series X.

За 12 погодени следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за 11-ка тој ваучер изнесува 500 денари.

Во понудата се 13 мечеви од Топ 5 лигите, а една од најинтересните средби ќе биде во Милано, на „Џузепе Меаца“, каде што Интер е домаќин на Рома. Ова ќе биде меч на кој Интер ќе го угости некогашниот нивен тренер Жозе Мурињо, со кого во 2010 година стигнаа и до титулата во Лигата на шампионите.

Според досегашните прогнози на стручњаците кои се дел од оваа игра, над 70 отсто веруваат дека Интер ќе победи, 22 отсто веруваат дека ќе биде нерешено, а помалку од 7 отсто очекуваат Мурињо со Рома да го победи Интер во Милано.

Доколку не сте прогнозирале, не чекајте, искористете ја можноста да добиете вредни подароци во оваа бесплатна игра.


- Оглас -

Најнови вести