Помина околу половина од времето за типување за 27-мото коло сезонава на популарната бесплатна игра, Спортската прогноза на Sport Life, а веќе се наѕираат фаворити на мнозинството за паровите од претстојниот викенд.
Најголем фаворит од саботните парови е Баерн Минхен, кој ја пречкува Борусија Дортмунд во дербито на Бундеслигата. Дури 78,4% од играчите кои досега се изјасниле очекуваат победа на Баварците.
Две третини од играчите типуваат победа на Бетис против Вилјареал, додека за римското дерби помеѓу Лацио и Рома 54,2% очекуваат реми.
Најголема е поделеноста кај мечот Сент Етјен – Брест. Таму 29,1 отсто се за кец, 37,5 проценти за нерешено, а победа на гостите очекуваат точно една третина од прогнозерите.
Типувањето за ова коло трае до сабота во 15.30 часот.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.