По четирите одиграни меча во 33. коло на Спортска прогноза, дури 46 играчи се со стоостотен учинок и се во трка за освојување на вредниот мобилен телефон Ајфон 11, кој се доделува за Среќна 13-ка. Денеска се играат уште седум средби, а за утре ќе останат последните два меча од ова коло на Спортска прогноза.
Денешните возбудувања ќе стартуваат со дуелот меѓу Беневенто и Удинезе во 12:30 часот. Безмалку 50 отсто од прогнозерите веруваат дека ќе заврши нерешено, а Удинезе е благ фаворит за победа пред домаќинот со 29 отсто. Ница треба да стигне до трите бода во дуелот против Монпелје, ако се прашуваат тие 52,80 отсто кои прогнозирале за „кец“. Вториот денешен ме од француското првенство меѓу Лориен и Бордо најмногу „влече“ на нерешено, според повеќе од 50 отсто од прогнозерите, кои даваат и 30 отсто за победа на домаќините.
Двата гиганти од Манчестер се големи фаворити денеска. Јунајтед игра во Премиерлигата на гости кај Лидс (74 отсто од прогнозерите очекуваат двојка), додека Сити игра во финалето на Лига купот против Тотенхем, а 82 отсто прогнозираат радост на Граѓаните.
Најсигурно за денеска е дека Селта во Виго ќе се радува против Осасуна, затоа што над 88 отсто типувале „кец“. Дербито на француското првенство меѓу Лион и Лил ќе ја затворат денешната понуда, а Лион со победа ќе дојде само на два бода зад лидерот ПСЖ.
Ако се следат процентите според предвидувањата на прогнозите, на денешните седум меча се прави вкупен коефициент од 150.63 што значи дека за само 20 вложени денари, добивката ќе биде над 3000 денари.
3004 Беневенто – Удинезе Х 3.25
1704 Ница – Монпелје 1 2.75
1708 Лориен – Бордо 1Х 1.26
1007 Лидс – Манчестер ј. 2 1.80
1092 Манчестер с. – Тотенхем 1 1.55
1307 Селта Виго – Осасуна 1 2.23
1710 Олимпик Лион – Лил 1 2.15
————————————————————————
Вкупен коефициент: 150.63