Дури 19 играчи на Спортска прогноза се со перфектен учинок по првиот ден од викендот, во 15. коло на атрактивната игра на Sport Life. Сите овие 19-мина се во трка за добивање на прекрасниот мобилен телефон Ајфон 11, кој е како премија за Среќна 13-ка, односно перфектен учинок во едно коло.
Вкупно 2.293 прогнозери беа дел од ова коло, каде според програмата, денеска треба да се одиграат седум меча, а утре ќе финишира колото со дуелот Барнли – Вулверхмптон. Ако се гледа одличните прогнози во вчерашниот ден, вреди да се искористат советите и процентите од прогнозерите за денешните средби.
Во период од 15 до 15:30 часот ќе се одиграат четири средби и од четири различни првенства. Стразбур е домаќин на Бордо, а дури 50 отсто веруваат дека овој меч ќе заврши нерешено. Идентични 50 отсто, односно половина од прогнозерите очекуваат Калјари да го победи Удинезе.
Дури три четвртини, односно точно 76 отсто типувале дека Тотенхем ќе го добие дерби мечот против Лестер во Премиер лигата, а голема е дилемата како ќе заврши мечот меѓу Фрајбург и Херта во Бундеслигата. Најмногу прогнози има за „икс“ (42 отсто), а во победа на гостите веруваат 30 отсто, па тука е добро да се одигра и двојна шанса.
Во Серија А се играат два дерби дуели. За победа на Аталанта против Рома, типуваат 47 отсто од прогнозерите, додека многу е понеизвесно на дуелот Лацио – Наполи. За нерешено се 44 проценти од гласовите, во Наполи веруваат 35 отсто, а за Лацио се помалку од 21 отсто.
Еден од најсигурните парови за денеска е Лил – ПСЖ бидејќи за двојка се 70 отсто од прогнозерите.
Според процентите, калкулациите за добите тикет од прогнозерите, носи коефициент од 204, што значи дека за само 20 вложени денари, можната добивка е 4.090 денари!
ТИКЕТ СПОРЕД ПРОЦЕНТИТЕ НА ПРОГНОЗЕРИТЕ
1708 Стразбур – Бордо Х 3.10
3655 Калјари – Удинезе 1 3.00
1161 Тотенхем – Лестер 1 2.12
2860 Фрајбург – Херта Х2 1.49
3660 Аталанта – Рома 1 2.25
3661 Лацио – Наполи Х2 1.44
1710 Лил – ПСЖ 2 2.15
———————————————–
Вкупен коефициент: 204.6