Новото седмо коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги, а има две големи дербија во Англија и Италија. Во фокусот на новото коло се дуелите Милан – Јувентус и Челзи – Арсенал.
Само по 24 часа можност да се прогнозира исходот, прогнозерите го отпишаа Јувентус, му даваат само 11,64 отсто шанси дека ќе победи, додека во Росонерите веруваат 56,09 отсто, а 32,27 отсто сметаат дека натпреварот ќе заврши без победник.
Во лондонската пресметка, засега Арсенал има многу поголема доверба кај прогнозерите. Дури 56,61 отсто сметаат дека Топчиите ќе се радуваат, 17,81 отсто очекуваат победа на Челзи, а 25,57 отсто дека ќе биде нерешено.
Фаворитите се наѕираат и на останатите натпревари, како и на двата резервни дуела.
Убедливо најголема доверба прогнозерите имаат во резервниот дуел меѓу Селта и Атлетико Мадрид, каде што дури 87,48 отсто веруваат во победа на Јорганџиите.
Голем е процентот за победа на Хајденхајм над Аугсбург (71,96 отсто), на Унион Берлин над бундеслигашката сензација Штутгарт (70,72 отсто), на Тулуз над Ремс (88,96 отсто), на Салернитана над Калјари (67,20).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.