Прогнозерите веќе имаат фаворит за дербито Аталанта – Јувентус, но не и за дуелот Наполи – Интер

Поминаа само 24 часа од објавувањето на паровите од новото, 23-то коло на Спортска прогноза, а повеќе од 500 играчи веќе ги дадоа своите типови. Дуелите се од Топ 5 лигите, плус еден меч од шкотското првенство, па ќе биде интересно да се види дали ќе се најде херој што може да ги погоди сите 13 пара.

За Среќна 13-ка, односно погодени 13 прогнози, главната премија е мобилен телефон „ајфон 12“. Подароци речиси во секое коло има и за оние кои имаат по 12 и 11 погодени парови, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари во Sport Life.

Двете италијански дерби-дуели се во фокусот на ова коло. Наполи е домаќин на Интер и тука очигледно ќе биде најголема дилемата за тоа како ќе заврши овој меч. Засега, 30 отсто веруваат во победа на Наполи, 28 отсто се сигурни дека Интер ќе се радува, а 42 отсто се за нерешено.

На второто дерби во Серија А, меѓу Аталанта и Јувентус, сликата е појасна. Над 65 отсто очекуваат Јувентус да се радува, а едвај 13 отсто се за „кец“.

И останатите мечеви во ова коло се интересни, а за да ги видите паровите и за да прогнозирате, веднаш одете на прогнозирај.

- Оглас -

Најнови вести