Новото 22. коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги.
Прогнозерите веќе имаат свои фаворити меѓу 13-те натпревари и двата резервни дуела, најмногу веруваат во победа на Вест Хем над Астон Вила. Дури 75,59 отсто од прогнозерите сметаат дека Чеканите ќе слават.
Голем е процентот и за победа на Евертон над Брентфорд (71,29 отсто), на Херта Берлин над Мајнц (67,40 отсто), на Селта над Рајо Валјекано (67,72 отсто), на Верона над Монца (65,94). Гостите се фаворити на два натпревари, прогнозерите на Реал Сосиедад му даваат 64,80 отсто за да слави кај Мајорка, додека во триумф на Лацио над Болоња веруваат 63,83 отсто од прогнозерите.
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.00 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
X Box Series X
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.