Новото 30-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги.
Прогнозерите веќе имаат свои фаворити меѓу 13-те натпревари и двата резервни дуела, а најмногу веруваат во победа на Унион Берлин над Фрајбург во бундеслигашкото дерби.
Дури 83,03 отсто од прогнозерите сметаат дека Унион Берлин ќе слави во битката за пласман во Лигата на шампионите. Двата тима се наоѓаат на делба на четвртата позиција на табелата и со евентуален триумф на една од екипите, ќе биде во пол-позиција да игра во ЛШ следната сезона.
Голем е процентот и за победа на Виљареал над Атлетик Билбао (73,78 отсто), на Брест над Оксер (75,51 отсто), на Монако над Лил (74,29 отсто), на Верона над Торино (65,75) и на Стразбур над Ница (62,40). Гостите се фаворити на два натпревари, прогнозерите на Баер Леверкузен се 63,52 отсто за да слави кај Штутгарт, додека во триумф на Севиља над Ваљадолид веруваат 53,66 отсто од прогнозерите.
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
X Box Series X
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.