Прогнозерите веќе имаат шест големи фаворити од 13-те понудени меча

Повеќе од 500 играчи на Спортска прогноза ги дадоа своите предлози за 19-тото коло на популарната бесплатна игра на Sport Life. Во понудата стандардно има 13 натпревари од најсилните лиги во Европа, а предизвикот за сите е да се погоди Среќна 13-ка.

Според досега направените типувања, дури на шест меча се истакнаа фаворити, барем според прогнозерите. Над 70 отсто очекуваат победа на Сампдорија против Болоња, за триумф на Франјбург кај Бохум се 66 отсто, а три четвртини од прогнозерите чекаат „кец“ на Евертон против Лидс.

Еспањол да победи кај Елче чекаат 61 отсто, а најсигурни треба да бидат победите на Атлетико Мадрид против Атлетик Билбао (79 отсто) и победа на Олимпик Марсеј против Тулуз (88 отсто).

За перфектно прогнозирање, односно погодени 13 меча, се одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). За 12 натпревари се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодени средби тој ваучер изнесува 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести