Прогнозерите веќе имаат шест сигурни, приклучете им се до 15.30 часот во трката за „ајфон12“

Прогнозерите во седмото коло на Спорртска прогноза се сигурни во победите на Вулверхемптон, Монпелје, Арсенал, Лацио, Тотенхем и Вилјареал во трката за „ајфон 12“ што го доделува Sport Life во секое коло во четвртата сезона на популарната и бесплатна игра.

Ако им верувате на искусните волци кои долго ја играат Спортската прогноза тогаш ќе треба да ги погодите преостанатите 7 двојки на популарната Тринаесетка, а тоа треба да го сторите до 15.30 часот денеска.

По сопствен избор секој учесник може да си состави своја комбианција и да ја одигра седмата рунда на популарната Тринаесетка, плус двата резервни пара кои носат поени во Генерален пласман и да се вклучат во трката за убави награди.

Покрај „ајфонот“ што е веќе стандардна премија за секое коло за погодени максимален број на натпревари, Sport Life доделува ваучери и за промашени натпревари.

Со една утка се добива ваучер од 1.000 денари, а за две промашувања, односно 11 погодени натпревари ви следува ваучер од 500 денари.

Играта е бесплатна и се што ви треба да се приклучите е да имате СЛ картичка од Sport Life; која исто така не се наплаќа, а може брзо да се добие на шалтерите на сите обложувачки места.

 

- Оглас -

Најнови вести