19.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Прогнозерите веќе имаат свои фаворити на дербијата од новото коло на Спортска прогноза

Повеќе од половината играчи на Спортска прогноза што имаат типувано досега за мечевите од 31-вото коло на бесплатната игра на која може да добиете „ајфон 12“, или ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 и 500 денари, веруваат дека Манчестер сити ќе го победи Ливерпул во саботниот мегадуел од полуфиналето на ФА купот.

Засега, 53 проценти од тие што типувале, веруваат дека Сити ќе победи, а двојка на Ливерпул ставиле 17 отсто.

Типувањето за колото трае до сабота, во 14 часот, па имате уште два дена да се вклучите доколку не сте го направиле тоа.

Интересни мечеви има и в недела. Според процентите на прогнозерите, Спортинг Лисабон е фаворит против Бенфика и Наполи против Рома. Повеќемина веруваат во Реал Мадрид отколку во Севилја на дербито во Шпанија, а убедливо најголема е изедначеноста кај бундеслигашкиот меч Баер Леверкузен – Лајпциг, каде што засега над 30 отсто се типувало на сите три можни конечни исходи.

Комплетните 13 парови од ова коло може да ги видите со притискање на копчето ПРОГНОЗИРАЈ.

- Оглас -

Најнови вести