Прогнозерите веќе имаат свои фаворити на интересните дерби-дуели од новото коло на Спортска прогноза

Новото 12-то коло на Спортска прогноза кое е во тек освен неколкуте интересни мечеви од петте најсилни европски лиги, го нуди и едно од најголемите дербија во Холандија, дуелот меѓу Феенорд и ПСВ Ајндховен.

Покрај холандското дерби, во фокусот на новото коло се и Наполи – Интер, Њукасл – Манчестер јунајтед и Барселона – Атлетико Мадрид.

Само по 24 часа можност да се прогнозира исходот, прогнозерите на дербито во Ла Лига поголеми шанси ѝ даваат на Барселона (55.58 отсто), додека во Атлетико веруваат само 15,11 отсто, а 29,37 отсто сметаат дека натпреварот ќе заврши без победник.

Дербито во Серија А засега „мириса“ на нула, 43,88 отсто од прогнозерите сметаат дека нема да има победник, додека двата тима имаат речиси израмнети шанси за победа. Во триумф на Наполи веруваат 28,60 отсто, а во Интер 27,52 отсто.
Во холандското дерби, предност му се дава на Феенорд (51,62), а 21,22 отсто сметаат дека ПСВ ќе се радува на „Де Кајп“.

Само по 24 часа можност да се прогнозира, веќе се наѕираат и фаворитите и на останатите мечеви. Голем е процентот на победа на Борусија Менхенгладбах над Хофенхајм (83,63 отсто), на Волфсбург над Бохум (70,68 отсто), на Реал Сосиедад над Осасуна (74,46 отсто), на Вест хем над Кристал палас (89,21 отсто), на Тулуз над Лориен (73,92 отсто).

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести