Прогнозерите веќе си имаат свои фаворити, паровите на Спортска прогноза се предизвикувачки

Новото 23-то коло на Спортска прогноза е вистински предизвик за учесниците во нашата бесплатна игра, а според досегашните проценти на тие што се изјасниле, има фаворити на неколкуте дерби-натпревари од најсилните европски првенства кои се во основната понуда од 13 меча.

Стартот е в сабота веќе во 13.30 часот со англиското дерби Лестер – Ливерпул и до тој термин можете да се вклучите со вашите прогнози на популарната „Тринаестка“ што ја организираат Sport Life и Спорт Манија веќе трета сезона по ред. Според досегашните прогнози, речиси две третини од играчите сметаат дека Црвените ќе го добијат натпреварот.

В сабота има дерби и во Италија, Наполи го пречекува Јувентус, а тука 60 проценти типувале на победа на Јуве. За играчите, и Интер е многу голем фаворит против Лацио, безмалку 78 отсто сметаат дека ќе биде „единица“.

Арсенал е голем фаворит против Лидс, над 73 отсто прогнозери типуваат на Топчиите. За нас интересно ќе биде да се види и како Николас Пепе ќе се однесува кон Езџан Алиоски, кого го удри со глава на претходниот меч, по што доби црвен картон.

Со погодени сите 13 пара се освојува прекрасната награда „ајфон 11“, а Sport Life ги наградува и утките, затоа и играта е интересна. За еден промашен пар ви следува ваучер од 1.000 денари, што можете да го искористите и да одиграте тикети во сите уплатни места на обложувалницата. За 11-ка ви следува ваучер од 500 денари.

Возбудлива е и трката во Генералниот пласман, разликата меѓу лидерот и моментно 20-тиот е само 7 поени разлика.

Наградата за најдобриот прогнозер во третата сезона на Спортска прогноза е ТВ Смарт од 48 инчи, а награди и многу поени за пазарување во СЛ маркетот ќе добијат најдобрите петмина учесници по завршувањето на овој циклус.

 

- Оглас -

Најнови вести