Посебно интересно е 31-вото коло на Спортската прогноза сезонава, има 13 примамливи меча за прогнозирање, многу од нив може да бидат одлучувачки за позиции на табелата, а посебен фокус привлекуваат неколку дерби-дуели.
Во шпанското Ел Класико, кое веројатно е најголемото дерби во светот, Барселона е домаќин на Реал Мадрид, а половина од прогнозерите очекуваат каталонскиот гигант да победи. Околу 30 отсто веруваат во триумф на Кралскиот клуб, а само една петтина од тие што досега се изјасниле, типувале на нерешен исход.
Арсенал по испаѓањето од ЛШ е разнишан, викендов гостува кај новиот првак Ливерпул, а во победа на Топчиите веруваат скромни 13 отсто од прогнозерите.
Дербија има и во италијанската Серија А, Лацио е домаќин на Јувентус во битка за пласман во ЛШ. Кај овој пар, 50 проценти мислат дека ќе биде нерешено. Во Бундеслигата, Баер Леверкузен е домаќин на Борусија Дортмунд, а за кец и двојка има по 35 проценти од прогнозите и тука поделеноста е најголема. Во Лисабон, Бенфика го пречекува Спортинг, двата градски ривали имаат еднаков број бодови, ова е претпоследно коло, па ако има победник, тој тим со 99,9 % ќе биде првак. Речиси 60 отсто прогонзери типуваат победа на Бенфика.
За секој прогнозер главен предизвик е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка односно да ги погоди сите 13 понудени мечеви. Оној кој ќе успее да биде перфектен со 13 погодоци, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката носи вауер од 500 денари.