Прогнозерите веруваат на Херта и Штутгарт, кои го отвораат седмото коло во сабота од 15:30

Седмото коло на Спортска прогноза стартува во сабота, од 15:30 часот, со два натпревари од Бундеслигата, каде што и овојпат во игра е неверојатниот „ајфон 12“.

Херта на домашен терен ќе се соочи со Фрајбург, а грото од прогнозерите, односно дури 70 проценти веруваат дека домаќинот ќе ги задржи сите три бода на својот стадион.

Само 18 % сметаат дека можен е нерешен резултат, додека малку повеќе од 10 отсто сметаат дека е можно изненадување и Фрајбург да ја однесе победата на оваа средба.

Нешто слично е и на вториот меч со којшто се отвора ова коло, а тоа е Штутгард против Хофенхајм. Дури 54 % сметаат дека домашниот колектив ќе се радува на победата, но и 30 проценти веруваат во нерешен исход. Помалку од 15 отсто ги фаворизираат гостите.

Правилата се познати, „ајфонот“ може да го освои тој што ќе биде најуспешен прогнозер во колото со погодени сите 13 натпревари, доколу пак промашите еден пар, ќе добиете ваучер од 1000, а со два „утнати“ пара ќе освоите ваучер од 500 денари.

Учеството во играта е бесплатно, а сè што ви е потребно е да бидете прогнозер на Спортска прогноза во организација на Sport Life и нашиот портал и да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може во експресен рок да се добие на сите обложувачки места на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести