17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Прогнозерите веруваат во Челзи, Наполи и Борусија Дортмунд

Лидерот во италијанската Серија А, екипата на Наполи, пред своите навивачи игра против Лацио во еден од најатрактивните мечеви кои се дел од 13-тото коло на Спортската прогноза. Според прогнозерите, Наполи е голем фаворит за победа и речиси 80 отсто од типовите се дека домаќинот ќе победи, а помалку од пет отсто чекаат „двојка“ на Лацио.

Во англиското дерби ситуацијата е поинаква и таму на гостинот му се даваат повеќе шанси за триумф. Тотенхем е домаќин на Челзи, а над 40 отсто чекаат Сините да се радуваат, додека помалку од една четвртина прогнозери веруваат дека ќе биде „кец“.

Во Германија играат двете Борусии, а Менхенгладбах ќе биде домаќин, но гостите од Дортмунд се сметаат за апсолутни фаворити. Над 80 отсто чекаат радост на Милионерите.

Атлетик Билбао на свој терен синоќа го победи Реал Мадрид, а в недела ќе има нов предизвик и на „Сам Мамеш“ го пречекува Вилјареал. Две третини, односно 67 отсто од прогнозерите чекаат Атлетик да слави, а минимални пет отсто веруваат во победа на Жолтата подморница.

Вкупно 13 мечеви од петте најсилни лиги се дел од ова коло на Спортска прогноза, а главна задача за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 средби. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци ваучерот во Sport Life изнесува 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести