Прогнозерите веруваат во Македонија, главен тип е двојката во Тбилиси

Новото шесто коло на Спортска прогноза е во тек за типување, а на менито се натпреварите на репрезентациите во Лигата на нациите, натпреварување кое влегува во финиш со првата фаза по групи.

Прв пар на популарната Тринаесетка е дербито во Тбилиси меѓу Грузија и Македонија, што ќе се игра во петок од 18 часот и до тој термин можете да го одиграте шестото коло.

Засега, според прогнозерите, Македонија е фаворит и 43 отсто типуваат дека ќе победиме на „Динамо арената“ во Тбилиси.

Победа на домаќините прогнозирале 33,33 отсто од прогнозерите, а 23,5 проценти очекуваат реми.

Во фокусот ќе биде и дербито меѓу Италија и Англија, Холандија и Белгија и Англија и Германија, а двапати на менито е нашата репрезентација, и тоа со дуелот од последното коло против Бугарија.

Тука, според прогнозерите, сме апсолутни фаворити дури со 92,5 отсто прогнози дека ќе го победиме источниот сосед.

И во ова коло стандардни се подароците подготовени за најдобрите. За перфектна прогноза, односно 13 погодени мечеви, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X).

За 12-ка се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додекa за 11 погодени дуели, вредносниот ваучер е 500 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести