Прогнозерите веруваат во победи на Ливерпул и Арсенал, не паѓа ниту довербата во Јувентус

Тековното 15. коло на Спортска прогноза може да се одигра денеска до 13.30 часот, односно до почетокот на англиското дерби меѓу Ливерпул и Челзи, за кое прогнозерите во голем процент веруваат дека ќе го добијат домаќините.

Со ваши прогнози можете да се приклучите во трката за интересни награди, а ако погодите Тринаесетка можете само да си одберете подарок од трите варијанти што ги нудат Sport Life и Спорт Манија во бесплатната игра:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X.

Клучни можат да бидат уште два дерби дуели, а и двата се играат утре. Арсенал му е домаќин на Манчестер јунајтед, а над 50 проценти од прогнозерите очекуваат победа на лидерот во Премиер лигата.

Тој меч ќе се игра утре на „Емирејтс“ во Лондон од 17.30 часот и е дел од 13+2 пара во ова коло на Спортска прогноза.

Не падна ниту довербата во Јувентус за дербито со Аталанта и дури 66 посто веруваат и типуваат триумф на Старата дама, иако кај гигантот има скандал и одземање на 15 бода поради финансиски малверзации.

Има уште дузина интересни мечеви во ова коло, сите се од Топ-5 лигите во Европа и се уште не е доцна да се приклучите со вашите прогнози.

- Оглас -

Најнови вести