4.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Прогнозерите за денеска нудат богат тикет со четири „сигурици“ и уште четири парови

Осум натпревари од основната понуда на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life треба да се одиграат денеска, а стандардно, како и секоја недела, ви нудиме опција да уплатите тикет со тие неделни парови кои може да ви донесат богата добивка, а врз основа на тоа како типувале најголем дел од играчите.

На дуелите во кои домаќини се Валенсија, Лориен, Арсенал и Бетис, над 70 проценти од прогнозерите одиграле „единица“, па тие четири „кеца“ се по вкусот на големото мнозинство. Над 50 отсто одиграле на нерешено на Торино – Лацио, кај Елче – Еспањол исто најмногу типувале „икс“, но помалку се од половината.

За Рома – Јуве, по 40 проценти мислат дека ќе победат домашните или нерешено, а нешто над половината (53 отсто) играчи веруваат дека ќе победи Жирона.

Замислениот тикет според вкусот на повеќето играчи на Спортската прогноза за денеска би изгледал вака:

1308 Елче – Еспањол Х

1309 Валенсија – Осасуна 1

2851 Лориен – Оксер 1

1124 Арсенал – Челзи 1

3643 Торино – Лацио Х

1439 Бетис – Севиља 1

3644 Рома – Јувентус 1Х

1440 Жирона – Селта 1

- Оглас -

Најнови вести