Тикет со седум натпревари може денеска да ви донесе одлична заработка, доколку уплатите тикет според мислењата на мнозинството играчи на Спортска прогноза.
Најголеми денешни фаворити на прогнозерите се Дерби каунти против Бирмингем во англискиот Чемпионшип, и САД против Канада во квалификациите за СП. За победа на Дерби се изјасниле 75,3 отсто од учесниците во 21-вото коло на Спортска прогноза, а 73,2 отсто веруваат дека САД ќе слави во Канада и на Канаѓаните ќе им се нанесе прв пораз во квалификациите.
Двојката за победа на Американците е 2.65, додека за Дерби кецот е 2.40. Мечот во Англија се игра во 14.30 часот.
Прв меч од денешните седум е оној во Унгарија помеѓу Пушкаш академија и Фехервар. За овој дуел од 13 часот, 55,2 проценти од прогнозерите типувале победа на гостите, предлог кој носи квота 2.65.
Фаворит на прогнозерите е и Монако против Ленс. Дури 67,5 отсто од прогнозерите веруваат дека гостите ќе победат во овој меч од Купот на Франција.
Шлаг треба да бидат трите средби на кои најмногу прогнозери веруваат во нерешени исходи.
Реми е најверојатниот исход на средбите Сион – Грасхоперс, ПАОК – Олимпијакос и Понферадина – Тенерифе. За мечот во Швајцарија, 46,9 проценти мислат дека ќе биде нерешено (квотата е 3.40), за грчкото дерби 53 отсто типувале икс (квотата е 3.10), а во дуелот од втората шпанска лига, големи 57,4 отсто веруваат во нерешен исход. Квотата за нерешено на мечпот Понферадина – Тенерифе е 2.80.
Тикетот кој го „составија“ прогнозерите со своите фиксови, носи вкупен коефициент од 1.318 што значи дека со само 20 вложени денари, можната добивка би била 26.361 денари.
ОВА Е ТИКЕТОТ СПОРЕД ФИКСОВИТЕ ЗА КОИ ТИПУВАА НАЈМНОГУ ПРОГНОЗЕРИ:
2205 Пушкаш Академија – Фехервар 2
1021 Дерби – Бирмингем 1
1306 Сион – Грасхоперс Х
1981 ПАОК – Олимпијакос Х
1320 Понферадина – Тенерифе Х
2846 Ленс – Монако (90 минути) 2
5756 Канада – САД 2