Прогнозерите засега поделени во најголем дел од паровите на бесплатната Спортска прогноза

На половина од рокот за типување за 24-тото коло, постои голема поделеност кај мнозинството играчи во најголем дел од паровите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.

Најголема поделеност има за мечот Фулам – Тотенхем. Од тие што досега се изјасниле, 32,3 отсто се за победа на домашните, 33,6 прогнозирале нерешено, а победа на Тотенхем чекаат 34 проценти од играчите.

За најинтересниот меч од Премиер лигата, големи 64,8% од играчите предност му даваат на Арсенал, наспроти 12,8 отсто кои сметаат дека во лондонското дерби ќе победи Челзи.

Околу двојно повеќе прогнозери типувале победа на Барселона над Атлетико Мадрид отколку за триумф на Јорганџиите, додека за дуелот Аталанта – Интер најмногу типувале на икс, па на двојка, а помал е процентот на тие што веруваат во победа на тимот од Бергамо.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда (двата резервни пара се сметаат само за генерален пласман) ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести