Прогнозерите знаат дека Рома е во одлична форма, дел од нив чекаат прв пораз на Сити во 2024 година

Уште само еден ден останува од предизвикот да се одигра ова коло на Спортска прогноза во кое има 13 интересни мечеви на кои треба да се погоди конечниот фикс. Возбудувањата ќе стартуваат со два меча за кои повеќе од 80 отсто од прогнозерите чекаат победи на домашен терен на Валенсија против Хетафе и на Сасуоло во дуелот со Фросиноне.

Рајо Валјекано на Столе Димитриевски игра на гости кај Алавес, а преку 50 отсто од прогнозерите чекаат да биде „икс“, а сигурица треба да биде победата на Ленс против Брест.

Колото ќе биде затворено со два дерби дуели. Една четвртина од прогнозерите веруваат дека Ливерпул може да го победи Манчестер сити во дербито на колото. Граѓаните немаат ниту еден пораз во 2024 година. Во Серија А, Рома гостува кај Фиорентина, а Римската волчица е во одлична форма со девет победи во последните 11 средби во сите натпреварувања, па затоа и поголем дел од прогнозерите чекаат „двојка“.

Главен предизвик за сите е погодување на Среќна 13-ка, а прогнозерот кој ќе успее да ги погоди сите 13 фиксови ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодоци се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, a 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести