Прогнозерите знаат што е добро – Сабота е ден за Спортска прогноза, типувајте за „ајфон 11“ до 15. 30 часот

Во тек се последните часови за приклучување во 12. коло на Спортска прогноза, а сабота е ден за мерак и за избор на вистинска стратегија како да се погоди популарната Тринаесетка и да се добие прекрасната награда „ајфон 11“ што ја доделуваат Sport Life и Спорт Манија.

Рокот за вашите прогнози за тековното коло е до 15.30 часот, кога ќе почне првиот натпревар меѓу Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт.

Стандардно за Спортската прогноза стартот е со меч од Бундеслигата, а важно е да се почне со погодок, за потоа и да се атакува за главната премија што се доделува за секоја рунда во третата сезона од бесплатната игра.

И ова коло има многу интересни парови, а по мечот во Германија следи тројна програма од Премиерлигата. За денеска на менито на Траинесетката се и мечевите меѓу Евертон и Лидс од 18.30 часот и ВБА и Шефилд јунајтед од 21 часот, а и утре програмата продолжува со англиски меч меѓу Саутемптони Манчестер јунајтед од 15 часот.

Европската панорама од Топ-5 лигите продолжува во недела со микс од Франција, Шпанија, Англија и Германија, а во фокусот е дербито во Премиерлигата меѓу Челзи и Тотенхем од 17.30 часот.

Потоа ќе се приклучат и калчолигашите со дербито меѓу Наполи и Рома, Горан Пандев очекува победа со Џенова против Парма во понеделник од 20.45 часот, кога ќе почне и последниот меч за ова коло на Спортска прогноза меѓу Вест хем и Астон Вила.

Приклучете се и вие со вашите прогнози, наградите се тука и ги чекаат мајсторите за Спортска прогноза. Погодена Тринаесетка се наградува со „ајфон 11“ за една утка следува ваучер од 1.000 денари, аза две промашувања има ваучер од 500 денари.

Важно е и да се погодат и двата резервни пара кои носат поени за Генерален пласман, а шампионот во третата сезона ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи по завршувањето на играта.

Вредни награди и многу поени за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life ќе има и за најдобропласираните пет прогнозери во Генерален пласман.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести