Нема кај да утнат – Прогнозерите нудат сигурна седмица со коефициент 50

Спортската прогноза во организација на Спорт Манија и Sport Life е во финишот на втората сезона, а играта што е бесплатна може да ви донесе и добри добивки, ако одлучите да ги послушате советите на учесниците во 33. коло, кое е во тек.

За денеска од популарната тринаесетка што ја понудивме за прогнозирање во претпоследното коло има 7 натпревари и според процентот со кој типуваа прогнозерите може да се состави тикет со коефициент 50 во Sport Life.

Неделната фудбалска треска почнува со мечот меѓу Вулверхемптон и Евертон во 13 часот и тука со над 51 посто од околу илјада прогнозери предлог-типот е победа на домашниот тим на „Молињу“.

Коефициентот е 2.20 во Супер типот на Sport Life, а кецот е реален, бидејќи Волците бијат жестока битка за место во Европа Лигата, а дотаму тешко можат да стасаат гостите од Ливерпул.

И на вториот меч од Англија што е на менито на Спортска прогноза предлог-типот е единица на Астон Вила против Кристал Палас. Во Бирмингем се чека првата победа во пост-корона ерата, а домаќините и немаат голем избор, ако сакаат да ги задржат шансите за подвиг и за опстанок во Премиерлигата. Кристал Палас е безбеден на 14. место и ќе игра без посебен притисок.

Авантурата до добивка според рецептот на нашите прогнозери продолжува во Шпанија. На „Ла Нусија“ Енис Барди и соиграчите ќе им бидат домаќините на ривалите од Билбао, на Атлетик. Грото од прогнозерите типуваат дека гостите нема да загубат во меч што им е важен за пробив кон позициите кои носат настап во Европа Лигата.

Тој натпревар се игра од 17 часот, а само половина час подоцна ќе почне дербито на Северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал. Само нешто под 20 проценти од прогнозерите типуваа на победа на Топчиите, па предлогот е да се одигра 1Х.

За финиш на тикетот со 7 натпревари се селиме во Италија, во Серија А. Според прогнозерите Парма предводена од одличниот Дејан Кулушевски ќе ја победи Болоња, а во двата следни дуели Илија Несторовски со Удинезе нема да загуби од Сампдорија, а и Елиф Елмас со Наполи во дербито на денот нема да дозволи Милан да ги однесе бодовите од „Сан Паоло“.

Ако сакате тикет со повисок коефициент можете да дополните со резервниот пар и победа на Фиорентина против Верона, во меч што се игра од 19.30 часот, а ист е предлогот на прогнозерите и за последниот пар на тринаесетката, односно кец на дуелот меѓу Вилјареал и Реал Сосиедад што ќе се игра утре.

 

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ СО 7 НАТПРЕВАРИ:

Вулверхемптон – Евертон 1 (2.20) Супер тип на Sport Life

Астон Вила – Кристал Палас 1 (2.35)

Леванте – Атлетик Билбао Х2 (1.31)

Тотенхем – Арсенал 1Х (1.49)

Парма – Болоња 1 (2.75)

Удинезе – Сампдорија 1Х (1.37)

Наполи – Милан 1Х (1.32)

ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ: 50.2

 

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ СО 8 НАТПРЕВАРИ:

Вулверхемптон – Евертон 1 (2.20) Супер тип на Sport Life

Астон Вила – Кристал Палас 1 (2.35)

Леванте – Атлетик Билбао Х2 (1.31)

Тотенхем – Арсенал 1Х (1.49)

Парма – Болоња 1 (2.75)

Удинезе – Сампдорија 1Х (1.37)

Наполи – Милан 1Х (1.32)

Фиорентина – Верона 1 (2.12)

ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ: 106.4

 

ПРЕДЛОГ ТИКЕТ СО 9 НАТПРЕВАРИ:

Вулверхемптон – Евертон 1 (2.20) Супер тип на Sport Life

Астон Вила – Кристал Палас 1 (2.35)

Леванте – Атлетик Билбао Х2 (1.31)

Тотенхем – Арсенал 1Х (1.49)

Парма – Болоња 1 (2.75)

Удинезе – Сампдорија 1Х (1.37)

Наполи – Милан 1Х (1.32)

Фиорентина – Верона 1 (2.12)

Вилјареал – Реал Сосиедад 1 (2.30)

ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ: 244.7

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести