ПРОГНОЗИРАЈ: Дали Италија е посилна од Португалија?

Италија е огромен фаворит против Португалија, ако се гледаат досегашните дуели на овие две селекции. Вкупно играле 26 пати, а „аѕурите“ се радувале на 18 меча. Португалија била поуспешна шест пати, а само два дуели завршиле без победник. И гол-разликата повеќе од двојно е во корист на Италија (51:23).

Сепак, дека не треба да се живее во минатото, се потврди на последните два натпревари на овие селекции. Пред два месеци Португалија на свој терен победи со 1-0, а ист беше резултатот и пред три години на неутрален терен. Португалија е актуелен европски првак, а Италија е селекција која не успеа да се пласира на завршницата на Светското првенство во Русија.

Ако Италија сака да ги задржи шансите за прво место во групата и преку Лигата на нациите да бара пласман на ЕП 2020, ќе мора да победи на дуелот кој се игра в сабота, на „Џузепе Меаца“ во Милано. Португалија во текот на сите мечеви од Лигата на нациите е без капитенот и најдобриот играч Кристијано Роналдо.

Покрај ова дерби од Сегментот А во Лигата на нациите, има уште неколку возбудливи дуели кои се вметнати во петтото коло од Спортска прогноза. Играјте и прогнозирајте на понудените 12 дуели за овој викенд.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

 

- Оглас -

Најнови вести