Четвртото коло од третата сезона на Спортска прогноза се уште не е почнато, за да се приклучите на карванот во бесплатната игра имате време, а можете да го сторите едноставно и за многу кус период.
Со првиот мел што ви ги нудиме на популарната тринаесетка во 15.30 часот завршува рокот за приклучок на сите што сакаат да играат за одлична забава и прекрасни награди.
Можете да прогнозорите и во движење од вашите телефони, а наградат и за ова коло е прекрасниот ајфон 11. Треба да се погодат максималниот број на натпревари, 13 како и во секоја рунда.
Во понудата ги имаме само мечевите од Топ-5 лигите, што е добропозната територија за сите фудбалски сладокусци. Има и неколку дерби мечеви, во Серија А ќе играат Лацио и Интер, а потоа и Јувентус и Наполи, Жозе Мурињо со Тотенхем ќе му гостува на својот претходен клуб Манчестер јунајтед, па со вашата прогноза на Спортска прогноза ќе биде и поинтересно да се следат возбудливците дуели од најсилните европски лиги викендов.
Секако не ги заборавајте и двата резервни пара, кои се многу важни за Генерланиот пласман, а шампионот на Спортска прогноза и во третата сезона ќе добие награда ТВ Смарт од 48 инчи.
Играјте, забавувајте се со бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life и секако очекувајте многу награди, ајфон 11, вредносни ваучери од 500 и од 1.000 денари за секое коло и телевизор и многу поени од СЛ маркетот на крајот од сезоната.