ПРОГНОЗИРАЈ: Останаа уште неколку часа за учество во првото коло на Спортска прогноза!

Денес ја имате последната шанса да учествувате во првото коло од третата сезона на Спортска прогноза. До 16 часот, односно до почетокот на првите три парови од понудата, е рокот за прогнозерите да ја приложат својата визија која може да ги одведе до фантастичниот iPhone 11 смартфон.

Главната награда на „среќната 13-ка“ овојпат доби надградба во најновиот модел на смартфонот на Apple, а тука се и наградите за еден промашен пар во облик на ваучер од 1.000 денари, односно 500 денари ваучер за два промашен парови.

Многу е важно да се учествува во првото коло и од самиот почеток да поче собирањето на поени во Генералниот пласман. Овој дел од бесплатната игра трае до самиот крај на сезоната, а прогнозерот со најголем број на погодени парови ќе добие подарок Смарт ТВ од 48 инчи.

Нормално, подароци во оваа категорија има и за прогнозерите кои сезоната ќе ја завршат во топ 5 листата:
2. 500.000 SL Market поени
3. 400.000 SL Market поени
4. 300.000 SL Market поени
5. 200.000 SL Market поени

Првото коло стартува во 16 часот заедно со шампионатите во Премиер лигата и Ла Лига, поточно со дуелите Кристал Палас – Саутхемтон, Вест хем – Њукасл, односно Ејбар – Селта Виго.

- Оглас -

Најнови вести