Прогнозирај во 30-тото коло на Спортска прогноза и сонувај за iPhone XS

Новот 30-то коло на Спортска прогноза е достапно за прогнозирање уште денес и утре до 15:30 часот. Сите оние кои досега не ги приложиле прогнозите имаат време да го направат тоа и воедно да се вклучат во трката за примамливиот „Ајфон“.

Јубилејното коло за оваа сезона нуди неколку интересни пресметки, како Лајпциг – Дортмунд, дербито за вицешампионската позиција во Бундеслигата. Секако не смее да се пропушти градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул, во кое на Црвените им е потребна победа да дојдат на чекор од освојување на титулата во Премиер лигата. Калчолигата повторно е дел од Спортската прогноза, дуелите Торино – Парма и Интер – Сампдорија се најдоа меѓу 13-те парови.

Наградите се стандардни, за погодена тринаесетка премијата е прекрасниот IPhone XS. За една утка очекувајте ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за два утнати пара ви следува ваучер од 500 денари.

Битката за Генералниот пласман исто така е интересна. Христијан Т. долго време е лидер и фаворит со 198 поени за сезонската награда на шампионатот, тоа е Смарт ТВ 48 инчи. Сепак, до крајот има уште доста да се игра, да се прогнозира и да се забавува, па ве очекуваме и во ова коло со вашите прогнози. Играта е бесплатна, нема што да се загуби, затоа не пропуштајте прилика да бидете убаво изненадени.

- Оглас -

Најнови вести