Прогнозирајте ги исходите на клубовите од Лос Анџелес во три различни спортови

Гремио – Атлетико Паранаенсе (02.30 часот)

Ова е прв меч од полуфиналето на бразилскиот Куп. Нападот на домашните е предводен од Евертон, кој блескаше на Копа Америка, а тимот дома не знае за пораз од 6 мај. Атлетико на последните четири гостувања во Порто Алегре не даде гол, но лани и преклани меѓусебните дуели завршуваа 0-0. Мала предност му даваме на Гремио, веројатно реваншот ќе го одлучи патникот во финалето.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Орландо сити – Спортинг Канзас сити (01.30 часот)

Орландо е во потера по место во плејофот и трите бода му се неопходни. Канзас има две победи и три порази на последните пет меча и се чини дека е ривал по мерка за домашните кои немаат право на кикс и мора да триумфираат ако сакаат да се вмешаат во трката за плејофот. Орландо има три бода помалку од седмиот Монтреал и ако победи, ќе се изедначат и ќе имаат еднаков број одиграни средби. На претходните два меча на овие тимови во Орландо паѓаа по четири гола.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

ЛА галакси – ФК Далас (04.30 часот)

Ибрахимовиќ и другарите се во лоша серија, имаат три порази по ред, па паднаа дури на петтото место на Западот и имаат само три бода плус во однос на осмиот и ниту плејофот не им е сигурен. Далас заостанува само еден бод зад Галакси, па и тие си имаат математики. Статистички, овој меч не би требало да заврши нерешено. Далас не е опасен гостин во последно време, но овој тим не загубил од Галакси четири години и победи на последните две гостувања во Карсон.

Предлог тип: 0-29 мин. (1.61)

 

Далас вингс – Лос Анџелес спаркс (02.00 часот)

Тимот од Лос Анџелес има низа од пет победи по ред и тешко дека кошаркарките на Спаркс ќе бидат запрени од „крилјата“ кои се последни на табелата во Западната конференција. Сепак, треба да се знае податокот дека Далас на свој терен ги доби последните четири соочувања против Спаркс. И покрај ова, според формата на екипите, се чини дека црната серија на Лос Анџелес на дуелите во Далас, вечерва ќе биде запрена.

Предлог тип: 2-2 (1.73)

 

Мајами марлинс – Лос Анџелес доџерс (01.10 часот)

Гостите се фаворити на хартија, тие се лидери во националната лига, а Мајами е последен. Ова треба да значи чиста двојка. Мајами има два порази по ред, а Доџерс има три победи на последните три меча. Синоќа Лос Анџелес на истиот терен го растури Мајами со 15-1, сличен исход би требало да има и вечерва.

Предлог тип: >8.50 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести