Новото коло на Спортска прогноза е резервирано за репрезентативни возбудувања. Следниов викенд се играат мечеви од квалификациите за пласман на Светското првенство. Во европските квалификации се играат последните две кола, по што ќе се знаат сите патници, како првопласираните така и оние селекции кои ќе играат во баражот за место на Мундијалот во Катар.
Стандардно, мотивот за секој играч на Спортска прогноза е да погоди Среќна 13-ка, и тоа овојпат е во 13-тото коло. Доколку некој успее во тоа, главната премија е „ајфон 12“. Со 12 и 11 погодени следуваат вредносни ваучери од Sport Life во вредност од по 1.000, односно 500 денари.
Меѓу оние мечеви кои ќе бидат поинтересни е дербито во А групата, каде што Португалија ќе ѝ биде домаќин на Србија во меч кој директно ќе решава за првото место. Такви дуели кои директно ќе треба одлучат за патникот во следната фаза има уште два. Шпанија е домаќин на Шведска, додека Хрватска на „Пољуд“ во Сплит игра против Русија.
Репрезентативните натпревари носат сосема поинаква магија, посебно сега кога се решава за патниците на планетарниот собир, но да не заборавиме дека има и мечеви од клупскиот фудбал, па ова ќе биде одличен микс за прогнозирање.
Не чекајте и БЕСПЛАТНО прогнозирајте кој ќе биде учесник на СП 2022 година!