Новогодишната еуфорија е во полн ек, но тоа не треба да биде причина да заборавите да ги одиграте вашите среќни 13 фикса во тековното коло на Спортска прогноза. Доколку успеете да ги погодите сите 13 парови, ќе станете добитник на мобилен телефон „ајфон 11“, па затоа вреди да се испроба знаењето и среќата и во ова посебно коло кое „трае во две години“.
Поради стравот дека може да има нови одложени мечеви во Премиер лигата, во ова коло нема да има дуели од англиското првенство, но тука се натпреварите од Бундеслигата, Серија А и Примера, како и најголемото дерби во Јужна Америка меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт.
Подароци има дури и ако имате едно или две промашени. Со 12 погодоци станувате добитник на вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, додека за 11 погодени, ваучерот кој ќе го добиете е со вредност од 500 денари.
Искористете ги последните часови од 2020 година и прогнозирајте, а потоа чекајте стартот на 2021 година да ви биде со изненадување од Спортска прогноза.