Пресметките и прогнозите воопшто не се на страна на Македонија, па шансите кои ни се даваат во баражот против Данска, но и воопшто за пласман на Светското првенство се минимални.
Нашите фудбалери на 26-ти март ѝ гостуваат на Данска, а според прогнозите нашите шанси за победа се само 15%, наспроти 85% за Данците.
Шансите за две победи и пласман на Мундијалот се уште помали, само 4%, а најголем фаворит за пласман во САД, Канада и Мексико има Турција (49%). Нашиот противник во првиот бараж, Данска, има 46% веројатност дека ќе ги добие двата меча.
Освен Македонија, речиси никакви шанси, според ова истражување, за пласман на Мундијалот немаат и Северна Ирска, Романија, Босна и Херцеговина, Албанија, Ирска, Шведска и Косово, а последните четири места за Европа треба да ги пополнат Турција, Италија, Данска и Украина.


