Прогнозите за „Боксинг деј“ клучни во 16-тото коло на Спортска прогноза

„Боксинг деј“ со големо нетрпение се очекува во Англија, ден по католичкиот Божиќ фудбалот е главна атракција на Островот и затоа преовладува во тековното 16-то коло на Спортска прогноза.

Повеќето од паровите на „Среќна 13-ка“ доаѓаат токму од Велика Британија, односно од Премиер лигата, каде што викендов ќе се одигра градското дерби меѓу Арсенал и Челзи. По 14 одиграни меча, Челзи има 25 бода, дури 11 повеќе од Арсенал, кој игра очајно. Сепак, кога се работи за градско дерби, победникот предвреме никако не може да биде познат.

Освен дуелите во Премиер лигата, викендов се играат мечеви и во Белгија, Турција, Шкотска, втората лига во Италија, па ова коло ќе биде посебно интересно.

Идеална шанса за сите што ќе учествуваат во ова коло да се освои прекрасниот мобилен телефон, што стандардно е награда во секоја рунда го доделуваат Sport Life и Спорт Манија, како организатори на бесплатната игра.

Важно е да се погодат и двата резервни пара, а и тие во ова коло се од Премиер лигата и се бројат за Генералниот пласман. На крајот на сезоната најдобриот прогнозер ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди и за следните четворица најдобропласирани во Генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести