Проигрувањето на Меси до Фати е рекордно во Ла Лига (видео)

Лионел Меси ќе се закити со уште една индивидуална награда како утеха за испуштената титула во Ла Лига. Имено, капитенот на Барселона ќе биде прогласен за најдобар асистент во шпанското првенство откако ја запиша 21-та асистенција во дуелот против Алавес.

За 1-0 во корист на Каталонците, Меси му намести погодок на младиот Фати, а потоа и самиот се запиша во листата стрелци. Доколку Карим Бензема вечерва не постигне хет-трик, и наградата за најдобар стрелец ќе заврши во рацете на Меси кој засега брои 24 гола во шампионатот.

Инаку, Аргентинецот го урна рекордот на поранешниот колега Лави Ернандес од 20 асистенции во сезоната 2008/09.

https://streamable.com/mz4ldj

- Оглас -

Најнови вести